Иако, оваа година ја прославија девет годишнина од бракот, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт и понатаму не престануваат да ја интригираат јавноста со својот однос. Последните вести кои ги објавија странските медиуми веќе преминаа во скандал, за наводното неверство на принцот.
Станува збор за 37 годишната Роуз, девојката со која, се зборува дека Вилијам ја изневерил својата сопруга Кејт во време кога таа била бремена со нивното трето дете.
“Кога Кејт дозна дека Вилијам ја изневерил, таа хистерично истрча во бањата, каде што малку подоцна, нејзините родители ја најдоа како лежи свиткана на подот. Долго по информацијата за наводното неверство на нејзиниот сопруг, таа одбиваше да јаде па загуби неколку килограми.” – изјавил извор близок на семејството. Откако целата приказна излезе во јавност, принцот им се закани на новинарите со тужба за клевета.