Кејт Винслет го сруши рекордот на Том Круз во каскадерски способности

Актерката Кејт Винслет за време на снимањето на продолжението на „Аватар“ останала седум минути и триесет секунди во вода, подолго отколку што успеал Том Круз за време на снимањето на „Невозможа мисија“.

Том досега се гордееше со рекордот на задржување на здивот под вода шест и пол минути, што го постигна на сетот на франшизата „Мишн: Импосибл“, но ѕвездата од продолжението на хитот „Аватар“ успеа да ја надмине.

Во продолжението на научно-фантастичниот еп на Џејмс Камерон, таа го толкува ликот Ронал.

„Додека бев во вода, замислував дека секој задржан момент е еден вид шипка подигната малку повисоко од претходно. Нроев во мислите, внимавајќи да не претерувам бидејќи морав да внимавам“, изјави актерката неодамна на Ентертејмент тунајт.

Поради напорниот процес на задржување на здивот, таа тренирала на снимањето, а покрај неа бил тим подготвен да скокне доколку нешто тргне наопаку.

Кога во телевизиската емисија ја прашале што ја натерало да се реши да го направи подвигот, таа рекла дека се е во нашите глави. Научила да го смирува умот во моменти кога нејзиното тело се борело за здив и успеала.

Scroll to Top