Актерката Кејт Винслет во последното интервју вели дека познава најмалку четири холивудски ѕвезди кои се плашат јавно да кажат дека се хомосексуалци. Таа ја нарече филмската индустрија „осудувачка, дискриминаторска и хомофобична“, откако неодамна, познат актер му признал на својот агент дека е бисексуалец, а агентот му рекол дека треба да молчи.
„Можам веднаш да се сетам на барем четири актери кои ја кријат својата сексуалност. Тоа е болно, затоа што се плашат дека луѓето ќе го дознаат тоа и ќе ги осудуваат“, рекла ѕвездата на „Титаник“.
Таа во новиот филм „Емонит“ глуми лезбијка и има љубовни сцени со актерката Саорајс Ронан.
„За мене е неверојатно колку луѓето се фокусираат на љубовните сцени во филмот затоа што во нив има две жени. Искрено, никогаш толку не ме прашувале за секс-сцените од другите филмови, а сум снимила многу,“ рекла таа.