Кејт Винслет за време на интервјуто за Vanity Fair откри дека снимањето на една од најромантичните сцени во „Титаник“ не било ни приближно толку романтично во реалноста. Станува збор за сцената каде Роуз и Џек стојат заедно и гледаат како заоѓа сонцето на хоризонтот.
„Снимањето на таа сцена беше кошмар бидејќи Лео не можеше да престане да се смее, па моравме да ја повториме сцената четири пати. Џим бараше многу специфично осветлување за оваа сцена, а зајдисонцата постојано се менуваа таму каде што бевме“, објасни Винслет.