Кејти Холмс и Џејми Фокс прв пат заедно во јавност

По долгогодишно криење и бројни шпекулации во јавноста, Кејти Холмс и Џејми Фокс конечно признаа дека се заедно. Тие својата врска ја кријат од 2013 година и не е јасно како никој никогаш не успеал да ги фотографира заедно во овој период.

Првата фотографија е направена пред неколку дена, кога беа сликани како се шетаат заедно на една плажа во Малибу, држејќи се за раце.

Причината за нивното криење е договорот што Кејти го имала по разводот со Том Круз, а во кој стои дека ќе добие 50 милиони долари, но дека во период од пет години мора да молчи во однос на љубовните врски. Бидејќи договорот истече на крајот на јули, Кејти и Џејми веќе немаат причина да се кријат.

Scroll to Top