Кејти Пери има забрана за влез во Кина

Американската пејачка Кејти Пери не доби виза за Кина каде што требаше да настапи на ревијата на ангелите на „Викторија сикрет“ кон крајот на овој месец.

Кинеските медиуми објавија писмо во кое славната пејачка ги моли тамошните власти да направат исклучок и во кое ветува дека „на ниту еден начин нема да ги загрози кинеското единство и интегритет“.

Причината за ова е што Кејти Пери ги налути кинеските обожаватели затоа што во таа земја се појави на сцена со знаме на Тајван, но и со сончогледи кои претставувале симбол на протестот во Тајван и предмет на спор со Кина.

Кина за кратко ѝ прости на Кејти Пери бидејќи минатиот ноември имаше закажан настап, но го откажа поради „семејни проблеми“, иако обожавателите се сомневаат дека во прашање била нејзината поддршка кон Хилари Клинтон и обврските околу кампањата.

 

Инаку, листата на познати личности од САД на кои Кина не им дозволува пристап во својата земја е сѐ подолга.

 

Покрај Кејти Пери, тука се и Лејди Гага, Бјорк, Ричард Гир и други славни личности.

Scroll to Top