Кејтлин Џенер во врска со 47 години помлада трансродна манекенка

Реалната ѕвезда Кејтлин Џенер долго време тврдела дека е во пријателски односи со трансордниот модел Софија Хачинс (21). Нивниот однос често се опишувал како дружење на мајка и ќерка, но, според пишувањата на таблоидот „Мирор“, двете веќе неколку недели се дружат заедно, а во јавноста се зборува дека веќе и се свршиле.

„Нивниот однос многу бргу стана сериозен. Кејтлин сака да го мине остатокот од животот со Софија, без оглед на големата разлика во годините. Кога Џенер останала без поддршка од своето семејства, таа се покажала како нејзина најголема поддршка“, вели извор близок до Џенер.

Поранешниот олимпиец Брус Џенер пред три години го промени името во Кејтлин. Како икона на трансродната заедница тој ја добил наградата „Жена на годината“, која ја доделува американскиот магазин „Гламур“.

По 23 години брак, неговата поранешна сопруга Крис Џенер (62) поднела барање за развод на бракот. Како причина ги навела честите расправи и непремостливите разлики. Двојката ги има ќерките Кендал (22) и Клои (20).

Поранешната ѕвезда на реалното шоуто пред неколку месеци изјавила дека со дел од семејството не разговара веќе две години.

„Често се прашувам дали е тоа поради мојата промена на полот или, едноставно, поради своите животи, повеќе немаат време за мене“, прашува Кејтлин. Расправиите во семејството Џенер-Кардашјан дополнително го засилило односот меѓу Кејтлин и Софија.

Кејтлин тогаш се надевала дека ќе остане во добри односи со семејството Кардашјан, особено откако Ким доби деца.

„За жал, сѐ уште не ги запознал. Ниту својата внука Сторми не ја гледа често. Се чувствува осамено и депресивно“, потврдил изворот.

Scroll to Top