Актерката Џени Гард, односно Кели од култната серија „Беверли Хилс 90210“, неодамна наполни 50 години. Таа три пати се мажеше и има три ќерки.
Првиот сопруг на Џени беше музичарот Даниел Б. Кларк. Тие се венчаа во 1994 година и се разведоа две години подоцна. Таа го запознала својот втор сопруг, актерот Питер Фачинели, во 1995 година. Двојката се венча на 20 јануари 2001 година и има три ќерки. Фачинели поднесе барање за развод во март 2012 година, а во април 2013 година бракот заврши. Потоа есента 2014 година почна да се забавува со актерот Дејвид Абрамс Гар, а се венчаа во јули 2015 година. Три години подоцна, парот поднесе барање за развод, но во 2019 година ги повлекоа документите за развод по 10 месеци разделба. Актерката потоа откри како разделбата им го спасила бракот бидејќи виделе колку не можат еден без друг.
Џенет од јавноста долго време ги криеше здравствените проблеми поради кои и се здебели неколку килограми. Атерката боледува од остеоартритис, заболување на зглобовите што се карактеризира со уништување на зглобната ‘рскавица. Во 2012 година, актерката исто така призна дека се бори со анксиозноста.
Џени Гарт во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“ ја глумеше згодната русокоса Кели Тејлор во која сите беа вљубени.
View this post on Instagram
View this post on Instagram