Кели се прости од Бренда со емотивна објава: Џени Гарт откри каков однос имале таа и Шенон Доерти

Актерката Џени Гарт, која го толкуваше ликот на Кели Тејлор во „Беверли Хилс 90210“, се прости од својата колешка Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда Волш.

Иако беа ривали во серијата поради Дилан Мекеј (го играше Лук Пери во серијата „Беверли Хилс 90210“), во реалниот живот имаа добри односи.

Џени Гарт се огласи на Инстаграм со емотивна објава.

„Сè уште ја обработувам мојата огромна тага поради загубата на мојата долгогодишна пријателка Шенон, жена која често ја опишував како една од најсилните луѓе што некогаш сум ги познавала. Нашата врска беше вистинска и искрена. Многу често бевме спротивставени една со друга, но ништо од тоа не ја отсликуваше вистината на нашата врска која беше изградена на взаемна почит и восхит. Таа беше храбра, страсна, решителна и многу сакана и дарежлива. Ќе ми недостига и секогаш ќе ја негувам длабоко во моето срце и сеќавања. Срцето ми се кине за нејзиното семејство и Боуви и сите луѓе кои ја сакаа“, напиша Џени Гарт.

Scroll to Top