Кери Бредшо разочарана, откажано е снимањето на „Сексот и градот“

По неколкугодишните шпекулации за новото продолжение на „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, која ја играше колумнистката Кери Бредшо, потврди дека новиот филм е откажан. Актерката од култната серија јавно го изрази своето жалење за таквата одлука.

„Готово е, нема да снимаме нов филм. Имавме многу добра приказна, срцекршачка, во која многумина ќе се најдеа. Публиката многу сакаше продолжение, разочарана сум“, изјавила Сара Џесика Паркер.

Продукциската куќа што стои зад претходните изданија на „Сексот и градот”, според пишувањето на некои медиуми, смета дека поминало многу време од завршувањето на серијата и премиерата на двата филма. Последната епизода е емитувана во 2004 година, а вториот дел на филмот ја имаше премиерата пред повеќе од седум години.

Scroll to Top