Кери прозборе за несогласувањата со Саманта

Актерките Сара Џесика Паркер и Ким Кетрал, кои ја толкуваат неразделната другарска двојка Кери и Саманта во култната серија „Сексот и градот”, приватно не се согласуваат многу добро. Иако Сара Џесика тврдеше дека никогаш не биле во кавга, таа неодамна реагираше на шпекулациите во кои се тврди дека на нејзината колешка ѝ испратила подарок за да ја ублажат ситуацијата.

Нејзиниот одговор потврди дека овие две дами се далеку од пријателки.

„Не морам да ѝ испраќам никакви подароци на Ким бидејќи никогаш ништо не сум ѝ направила. Сепак, таа од друга страна одлучи да каже многу за мене, но тоа е убавината на животот во демократија“, рекла Сара. Нетолеранцијата на двете актерки се зголеми по идејата за снимање на третото продолжение на филмот „Сексот и градот”.

Scroll to Top