Ќерка ѝ на Џенифер Лопез повеќе не сака да живее со неа

Ќерката на популарната пејачка Џенифер Лопез вели дека не сака повеќе да живее со неа, пишуваат американските медиуми. Ема сака да се исели од вилата во која живее со Лопез и нејзиниот вереник, поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез.
Ема сака да се пресели кај нејзиниот татко, пејачот Марк Ентони. Вели дека му недостасува премногу. Една од причините поради кои таа сака да се исели од дома се и секојдневните кавги меѓу Лопез и Алекс.
„Ема се нема скарано со Лопез. Таа на убав начин ѝ објаснила дека сака да се пресели кај нејзиниот татко, а Лопез тоа го почитува. Но, многу ја боли тоа што ќерка ѝ не сака повеќе да живее во истата куќа во која живеат со Алекс“, открива извор близок до семејството.

Лопез во голем број интервјуа кажала дека нејзините деца, 13-годишните близнаци Ема и Макс, се нејзиното најголемо богатство во животот.
„Кога ќе станете мајка, целиот свет добива нова смисла. Ги обожавам моите деца, кои растат толку брзо. Понекогаш сакам да го запрам времето за да останам со нив подолго. Не можам да замислам дека еден ден ќе си заминат од моето гнездо. Срцето ќе ми се скрши“, изјавила Лопез.
Ема нема ништо против Алекс, но неговиот однос со Лопез не е здрав, открива изворот.
„Тие често се караат, а на Ема целата таа работа ѝ изгледа депресивно. Неколку месеци таа е анксиозна и сака некое време да помине со нејзиниот татко Марк Ентони и неговата девојка Рафаела Модугно, за која вели дека многу ѝ се допаѓа. Нивниот однос е супер“, вели изворот.

Scroll to Top