Ќерката на Анџелина Џоли и официјално го промени името во Џон, подготвена e и за операција на полот

Ќерката на холивудската глумица Анџелина Џоли, која ја доби во бракот со Бред Пит, Шајло, го промени своето име во Џон, пишуваат светските таблоиди.

Во февруари годинава таа и службено го промени името во машко, а како што пренесуваат светските медиуми,  подготвена е и да направи операција за промена на полот.

Засега никој од нејзиното семејство не ги потврдил ваквите наводи.

„Таа сака да биде машко, па затоа ѝ ја скративме косата. Таа сака да се облекува како машките и мисли дека е една од браќата“, изјавила Анџелина во едно од своите интервјуа и објаснила дека таа ја поддржува својата ќерка, без разлика каква одлука ќе донесе.

 

Scroll to Top