Ќерката на Бијонсе доби номинација за „Греми“ на осум години

Блу Ајви, ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, ја доби првата номинација за наградата „Греми“ на само 8 години. Иако официјалните номинации за наградите што ќе се доделуваат во 2021 година беа соопштени во ноември, името на Блу Ајви не беше на листата соработници на песната Brown Skin Girl, во категоријата за најдобро музичко видео. Тука стоеше само името на Бијонсе, иако и Блу Ајви пее во песната, а нејзиното име е впишано и на официјалната листа на соработници.

Организаторите на наградите „Греми“  пред два дена го додадоа името на Блу Ајви во листата на номинирани, а таму во истиот ден го допишаа и името на Виз Кид.

Иако ова е прва номинација за „Греми“ на Блу Ајви, таа на почетокот на годината беше номинирана за наградата БЕТ и победи, а во текот на летото доби награда и за најдобро дуо/група, за истата песна во која пее со нејзината мајка. Песната Brown Skin Girl е дел од саундтрекот за филмот „Кралот лав: Подарокот“.

 

 

 

Scroll to Top