Ќерката на Брус Вилис и Ема Хеминг наполни 11 години, парот низ фотографии ја сподели роденденската честитка за Мејбел Реј

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг објави видео од 11. роденден на нејзината ќерка Мејбел Реј. Во видео има фотографии од познатиот актер и неговата ќерка.

Преку неколку фотографии, Ема покажала некои од најемотивните моменти од детството на Мејбел, но и за време на нејзиното растење. Таа покажала како актерот ја носи ќерка си на раменици, ја снима како свири на клавир и ја бакнува. Таа покажала и неколку заеднички фотографии од прошетка во природа.

„Среќен 11. роденден, Мејбел Реј. Вашата енергија е заразна. Ја осветлувате целата соба со вашата насмевка и топлина. Убаво е да се види како го сакате и се грижите за вашето семејство и пријателите. Продолжи да светиш љубов моја“, напишала Ема.

Да потсетиме, Брус и Ема се во брак од 2009 година, а заедно имаат две деца – Мејбел Реј и Евелин Пен. Брус има три деца од првиот брак со Деми Мур- Румер, Скаут и Талула, и сите тие одлично се сложуваат. Денеска сите заедно се грижат за актерот на кој минатата година му беше дијагностицирана афазија и мораше да се повлече од актерството. Неодамна, пак, доби нова дијагноза кога се дознало дека боледува од фронтотемпорална деменција.

Scroll to Top