Додека се разведуваат Анелина Џоли и Бред Пит, каде најспорната точка е старателството над децата, нивната најстара биолошка ќерка Шајло одлучила да побегне од дома за да го види татко ѝ.
“Се разбира дека Анџелина полуде. Тоа е најлошиот кошмар на секој родител“, изјави извор близок до холивудската ѕвезда кој, исто така, тврди дека 12-годишната Шајло е многу блиска со татко ѝ и дека најверојатно е многу фрустрирана што не може да го гледа кога што ќе посака.
„Бред не ѝ се налути на Анџелина, но сепак, сметаше дека е страшно тоа што Шајло излегла незабележано од куќата со силно обезбедување, особено имајќи предвид колку таа е потресена за безбедноста и има ангажирано телохранители и дадилка“, додава изворот.
Веста дека Шајло побегнала од дома следеше неколу недели откако „Бласт“ објави дека судот ѝ наложил на Џоли дека мора да му дозволи на Пит да ги гледа децата најмалку четири часа секој втор ден во работни денови и 12 часа секој втор ден кога децата не се на училиште. Џоли и Пит се разделија во 2016 година по 11 години врска.