Една од ќерките на Анџелина Џоли, Вивиен, сака да се пресели да живее со својот татко Бред Пит, но глумицата не ѝ дозволува, пренесуваат светските медиуми. Токму Вивиен досега се сметаше за најтаинственото дете во семејсвото на славната двојка.
Таа долго време го имаше статусот и на најпроблематично дете, а сега медиумите пишуваат дека борбата за старателството што ја водеа Бред и Џоли се била токму за неа. Речиси цела година во јавноста се зборува дека токму таа сака да се пресели кај татко ѝ, но Џоли не ѝ дава.
Пријателите велат дека таа сака да се пресели кај татко ѝ поради проблемите и несогласувањата што ги има со Џоли. За потсетување, Вивиен е една од близнаците на Бред и Џоли. Таа е родена во Франција, а брат ѝ Нокс е само една минута постар од неа.
Токму нивните фотографии Бред и Џоли ги продадоа на магазинот „Пипл“ за 15 милиони долари, а потоа парите ги донираа за добротворни цели. Досега најинтересно што јавноста можеше да слушне за нив е дека и двајцата се школуваат од дома.
Вивиен тргна и по стапките на мајка си и заедно глумеа во филмот Maleficent, во кој ја глумеше младата принцеза Аурора. Медиумите сега пишуваат дека таа ја замени улогата на својата постара сестра Шајло и сега е поинтересна за јавноста.
Претходно, медиумите наголемо пишуваа за Шајло и нејзината желба да биде машко. Шајло беше прифатена како трансродно девојче, кое сакаше да се облекува и да се однесува како машко.