Ќерката на Џоли сака да се пресели кај Бред Пит, но глумицата не дозволува

Една од ќерките на Анџелина Џоли, Вивиен, сака да се пресели да живее со својот татко Бред Пит, но глумицата не ѝ дозволува, пренесуваат светските медиуми. Токму Вивиен досега се сметаше за најтаинственото дете во семејсвото на славната двојка.

Таа долго време го имаше статусот и на најпроблематично дете, а сега медиумите пишуваат дека борбата за старателството што ја водеа Бред и Џоли се била токму за неа. Речиси цела година во јавноста се зборува дека токму таа сака да се пресели кај татко ѝ, но Џоли не ѝ дава.

Пријателите велат дека таа сака да се пресели кај татко ѝ поради проблемите и несогласувањата што ги има со Џоли. За потсетување, Вивиен е една од близнаците на Бред и Џоли. Таа е родена во Франција, а брат ѝ Нокс е само една минута постар од неа.

Токму нивните фотографии Бред и Џоли ги продадоа на магазинот „Пипл“ за 15 милиони долари, а потоа парите ги донираа за добротворни цели. Досега најинтересно што јавноста можеше да слушне за нив е дека и двајцата се школуваат од дома.

Вивиен тргна и по стапките на мајка си и заедно глумеа во филмот Maleficent, во кој ја глумеше младата принцеза Аурора. Медиумите сега пишуваат дека таа ја замени улогата на својата постара сестра Шајло и сега е поинтересна за јавноста.

Претходно, медиумите наголемо пишуваа за Шајло и нејзината желба да биде машко. Шајло беше прифатена како трансродно девојче, кое сакаше да се облекува и да се однесува како машко.

Scroll to Top