Ќерката на Џони Деп страсно се бакнува со својата девојка

Ќерката на Џони Деп има партенрка која ја пречека веднаш по враќањето од Кан, Франција. По прегратката, двете дами страсно се бакнуваа пред папараците. Тие се заедно неколку месеци, а до неодамна ја криеја врската. Ќерката на Џони Деп, Лили Роуз Деп, е актерка но покрај улогата во нејзината нова контроверзна серија, таа привлекува внимание и со љубовниот живот. 23-годишната Лили не зборува отворено за нејзината сексуалност и претходно имаше неколку дечковци, вклучувајќи некои од најголемите холивудски ѕвезди како Тимоти Шаламе и Остин Батлер. Но, сега Лили е во врска со жена – раперка позната по уметничкото име 070 Shake.

Моментално Лили се соочува со многу критики поради улогата во мини-серијата „ Идол“ . Еден од креаторите на серијата е познатиот музичар Д Викенд . Иако серијата доби петминутна овација на премиерата на Канскиот филмски фестивал, јавноста се чини има многу поразлично мислење.

Серијата изобилува со вознемирувачки, но и со секс-сцени, поради што некои велат дека е на граница на порно.

Scroll to Top