Ќерката на Елвис го потрошила богатството на татка си

Лиса Мари Присли, единствената ќерката на Елвис Присли, го потрошила целото наследство од татка си, околу 100 милиони долари. Според неа, парите ги потрошил нејзиниот поранешен деловен менаџер, па го дала на суд.

Американските медиуми имаат судски документи во кои Лиса го обвинила Бери Сигел дека ја убедувал долги години дека нејзината финасиска состојба е „сигурна и добра“, а, всушност, богатството се намалило на само 14.000 долари поради неговите лоши одлуки и инвестиции. Бери инвестирал во фирмата која имала лиценца за „Американскиот идол“. Фирмата банкротирала во 2016 година по крајот на емитувањето на ТВ-емисија.

„Ако Сигел ја прикажеше веродостојно финансиската состојба и го ограничеше трошењето на приходите, Лиса денес ќе живееше убав живот со годишен буџет од 1,5 до 2 милиони долари годишно“, рекол за медиумите извор близок до ќерката на Елвис.

Scroll to Top