Ќерката на Хајди Клум си го запозна биолошкиот татко

Најстарата ќерка на Хајди Клум, Лени (14), си го запозна својот биолошки татко Флавио Бријаторе. Лени пред посетата во Италија никогаш претходно не го видела поранешниот прв човек на Формула 1.

Манекенката и италијанскиот бизнисмен раскинаа во 2004 година пред да се роди Лени. Хајди ја одгледа ќерка си со поранешниот сопруг Сил, кој ја посвоил.

За време на средбата, Хајди со родителите, трите деца и поранешниот сопруг била сместена во хотел. Набргу Бријаторе им се приклучил на ручек.

Тој за медиумите изјави дека планира повеќе време да минува со Лени. Бријаторе исто така дополни дека нема проблем со тоа што Сил ја посвоил неговата биолошка ќерка.

 

 

Scroll to Top