Легендарните „Нирвана“ најавија дека по четири години повторно ќе свират заедно на концерт во Чикаго, а овојпат со нив ќе пее и ќе свири на гитара Френсис Бин Кобејн, ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав.
За да го гледаак концертот на „Нирвана“, фановите ќе мора да платат ВИП пакет од 10.000 долари, кој вклучува и концерт на „Смешинг пампкинс“, бокс меч, кошаркарски натпревар со ѕвезди од НБА и уште неколку настани.
Ова не е првпат тројцата членови на „Нирвана“ Дејв Грол, Крист Новоселиќ и Пат Смајер, да свират заедно по смртта на Кобејн. Тие во 2014 година настапија заедно во Rock an Roll Hall of Fame рокендрол во Њујорк, а песните на „Нирвана тогаш ги пееја Џоан Џет, Сент Винсент и Лорди.