Моделите Кара Делавињ и Парис Џексон веќе неколку месеци се дружат интензивно, а медиумите пишуваат дека двете девојки се во врска. Кара одамна не крие дека е лезбијка, а ќерката на Мајкл Џексон многупати рекла дека во љубовта е дозволено сè.
Двете девојки се видени во Лондон, каде што биле излезени на вечера со група пријатели, а потоа само тие две заминале кон хотелот на Кара.
Првпат се видени во ноември кога излегле од ноќен клуб во Њујорк држејќи се за рака, со што ги поттикнаа шушкањата за наводната врска. Парис ја посетила Кара и во Чешка и во Италија, каде што Делавињ го снимала новиот филм.