Јорданската принцеза Иман и нејзиниот сопруг го дочекаа своето прво дете, а девојчето го крстија Амина, објави во неделата кралската палата.
Родителите на Иман, кралицата Ранија и кралот Абдула Втори му честитаа на парот.
„Нашата радост поради доаѓањето на драгата Амина е голема како и светот. Честитки за Џамил и Иман“, напиша кралицата Ранија на арапски на Инстаграм.
„Честитки до моите драги Иман и Џамил за нивната новородена ќерка Амина“, додаде јорданскиот крал, објавувајќи фотографија на која го држи бебето во раце.