Ќерката на Синди Крафорд најбарана манекенка во Париз

Каја Гербер, ќерката на поранешниот топ-модел Синди Крафорд, е најбараната манекенка на модната недела во Париз, пишуваат француските медиуми. 17-годишната Каја лани првпат настапи на најголемото модно случување во светот. Оваа година веќе настапи на ревиите на „Валентино“, но и „Живанши“ и на „Шанел“, кои се одржаа во ист ден со неколку часа разлика.

Ќерката на Синди лани ја доби наградата за најдобар млад модел во светот, а модните критичари коментираат дека Каја може да ја надмине дури и мајка си.

 

Scroll to Top