Ќерката на славниот актер се разголи: Сега имам 18 години, подготвена сум

Манекенката Лили Роуз, инаку ќерка на славниот актер Џони Деп, за прв пат се фотографираше топлес.

Лили Роуз Деп е веќе ветеранка во модниот свет, а освен што потпиша договор со брендот Шанел, таа се појави и на насловната страница на магазинот „Вог“.

Изгледа сега, откако наполни 18 години, ќерката на актерот Џони Деп и пејачката Ванеса Паради реши да ги помести границите, што се однесува до нејзината кариера.

„Овој пат решив да покажам малку повеќе кожа и да бидам посексапилна. Наполнив 18 години и сега сум подготвена“ – заклучи таа.

Scroll to Top