Ќерката на Трамп сакала тајно да се омажи во Белград

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, е во посета на Белград, каде планира тајно да се венча со своето момче, милијардерот Мајкл Булос, пишуваат српски Курир.

Плановите за тајната венчавка сепак на крајот им пропаднале затоа што не очекувале дека ќе бидат забележани и откриени од новинарите.

„Тифани отсекогаш беше поинаква од Доналд Трамп. Неа ја привлекуваа несекојдневни работи и необични авантури. Таа и нејзиното момче се во врска веќе две години и дошле на идејата тајно да се венчаат на ова патување. Сакале да се венчаат во земја каде никој не ги знае. Биле убедени дека Србија е вистинскиот избор“, вели извор близок до ќерката на Трамп.

„Тифани не очекувала дека некој ќе ги препознае и дека ќе дознае за нејзиниот избор да се венча во Белград. Сакала во Србија со Мајкл да си ги разменат заветите, а за тоа знаеле само неколку блиски луѓе околу нив“, вели соговорникот.

 

 

Scroll to Top