Ќерките на Френк Синатра ме заплашуваа со мафијашки методи, вели глумецот Реј Лиота 

Ќерките на легендарниот пејач Френк Синатра му испратиле лажна коњска глава на актерот Реј Лиота откога тој одбил да го глуми нивниот татко во серијата што ја снимале тие. Глумецот за оваа непријатна случка и за мафијашкиот метод на заплашување раскажал во интервју со Џеј Лено.

„Ненси и Тина ми испратија пакет со лажна коњска глава со порака дека тоа е ‘мал знак на внимание’ оти не сакав да глумам во нивната серија, туку прифатив улога во филмот ‘Пактот на стаорците’. И додека го снимавме филмот, стигна пратката. Очигледно беше лажна глава, но беше коњска. А знаете, кога ќе добиете коњска глава, тоа значи дека сте во неволја“, рекол тој.

Необичната пратка што ја добил американскиот глумец, референца на сцена од култниот филм „Кум“ во која Џек Волц добива отсечена коњска глава наместо закана кога ќе одбие барање од семејството Корлеоне.

„Нивната порака беше јасна: Можеше да ја прифатиш улогата во филмот, а не можеше да ја прифатиш во нашата серија“, додал актерот.

Scroll to Top