Ќерките на Никол Кидман почнаа да глумат

Сандеј Роуз и Феит Маргарет, ќерките на австралискиот кантри-музичар Кит Урбан и глумицата Никол Кидман, ќе глумат во серијата „Големи мали лаги“, во која Никол ја има главната улога. Во шоуто на Елен Деџенерис, Никол открила дека нејзините девојчиња ќе имаат мали улоги во втората сезона на хит-серијата.

Во серијата, освен Кидман глумат и Рис Витерспун, Зои Кравиц, Шајлин Вудли и Лора Дерн. Во втората сезона ќе глуми и Мерил Стрип. Таа во серијата ќе ја глуми свекрвата на Никол Кидман. Втората сезона од популарната серија што освои четири „Златни глобуси“ ќе се прикажува на почетокот на 2019 година.

https://www.instagram.com/p/BpkCSGyFcdp/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top