Еден ден откако потврдија дека чекаат бебе, Кети Пери и Орландо Блум ја одложија свадбата заради коронавирусот. Тие требаа да се венчаат во Јапонија следниот месец, но решиле да прават свадба кога ќе се намали ширењето на вирусот.
„Сè беше подготвено за романтична венчавка во Јапонија. Поканија 150 гости. Кети беше возбудена што ќе се мажи додека е бремена. Но, заради коронавирусот, сите планови ќе мора да почекаат“, рекол близок пријател на двојката за магазинот „Пипл“.
Тој додал дека свадбата најверојатно ќе се случи дури откако Кети ќе се породи.
За потсетување, популарната пејачка вчера откри дека е бремена преку спотот за најновата песна. Таа во видеото се појавува со труднички стомак. Медиумите, пак, уште во ноември пишуваа дека Орландо и Кети чекаат бебе, но тие тогаш не прозбореа јавно за нејзината бременост.