Кети Пери облече длабоко деколте за новиот крал

Кети Пери беше главна ѕвезда на концертот во чест на кралот Чарлс Трети во Лондон. Концертот беше во замокот Виндзор, на кој присуствуваа 20 илјади луѓе.

Новокрунисаните крал и кралица беа расположени, се смееја на шегите, а открија колку длабоко ги трогна крунисувањето и сакаат да им се заблагодарат на сите што се потрудиле да биде толку убаво и гламурозно.

Идната кралица Кејт Мидлтон беше облечена во црвено, но овој пат вниманието го украде пејачката Кети Пери, која се одлучи за златен кринолин со длабоко деколте.

На крунисувањето пејачката беше облечена во розово и беше закопчана од глава до пети. Пејачката беше хит на социјалните мрежи, откако с епојавија видеа како го бара местото каде треба да седи во Вестминстерска опатија, а потоа како се сопнува додека излегува од неа.

Scroll to Top