Кети Пери и Орландо Блум повторно се заедно

Се чини дека во љубовното гнездо на Кети Пери и Орландо Блум, сега е се во најдобар ред. По краткиот прекин, преку социјалните мрежи е откриено дека двојката повторно е заедно. Во текот на зимата заедно уживале во Прага, каде 41 годишниот актер ја снимил серијата „Carnival Row“, а сега актерот и пејачката својата љубов не ја кријат во Калифорнија.

И додека 33 годишната пејачка ја снима емисијата „Американски идол“, каде се појавува во улогата на жири, нејзиното момче слободните денови ги минува уживајќи на плажите во Малибу.

 

 

Scroll to Top