Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас повторно заедно

Холивудската актерска двојка Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас повторно се заедно. Тие на социјалните мрежи ги вратија семејните снимки. Кетрин и Мајкл се разделија во 2013 година, а официјалното соопштение тогаш беше дека ќе му дадат одмор на бракот.

На Даглас му беше  дијагностициран рак, а неговата сопруга влезе по своја желба во центар за рехабилитација, каде што го лекуваше своето биполарно растројство. 72-годишниот Даглас откри дека лекувањето од рак му помогнало да го оцени на непознат начин својот живот и дека благодарение на тоа тој и неговата сопруга се поблиски од кога било.

Scroll to Top