Кетрин Зета-Џонс во интервју за „Сандеј тајмс“ откри дека не мисли дека е претерано што таа и сопругот Мајкл Даглас поседуваат четири куќи – две во Њујорк, една во Канада и една во Шпанија.
„Знам дека звучи како џет-сет живот, а јас сакам да се опкружувам со убавина, но тоа не е претерано, многу е удобно“, рече 55-годишната актерка.
Таа додаде дека сака да троши пари за мода, па затоа често посетува винтиџ продавници во Париз.
„Купувам работи што можеби никогаш нема да ги облечам, како прекрасни наметки. Во моментов сум заљубена во класичниот Ив Сен Лоран, а особено ме радуваат вечерните фустани“, рече таа.
Таа ја пренела својата страст кон модата и на нејзината 22-годишна ќерка Керис. „Таа го обожава мојот плакар. Веројатно имам најголема колекција чанти Fendi Baguette, а таа неодамна најде уште неколку кај мајка ми. Имам сè, од тексас до бисери и светки“, откри таа.
Цената на една таква чанта денес достигнува 11.500 долари.
„Карла Фенди постојано ми подаруваше, во времето кога беа најбарани“, додаде таа.
фото: принтскрин