Кетрин Зита-Џонс ги воодушеви мажите со шлицот на фустанот

Оскаровката Кетрин Зита-Џонс во Кан го привлече вниманието на многумина свои обожаватели. Холивудската актерка и една од најубавите жени на светот, Кетрин Зита-Џонс, се појави во Кан по повод својот нов проект во црн секси фустан, но нејзиното лице и длабокиот шлиц на фустанот сите ги изненади. Кетрин одбра краток елегантен фустан во кој откри дека и на 48 години има одлична линија благодарение на долгогодишните активни тренинзи, а особен акцент беше ставен на нејзините вити нозе.Но, многумина се запрашуваа дали е тоа премногу?

Инаку, промената на лицето на славната Кетрин Зита-Џонс е повеќе од очигледна и јасно е дека подлегнала на мали хируршки интервенции, а убавата актерка изгубила и повеќе килограми, што исто така се одразило на нејзиното лице.

Иако минатата година ги демантира наводите дека била под наж, но не ја исклучи можноста да се подложи на некој зафат во иднина, наведувајќи дека нема ништо против естетската хирургија доколку тоа некого го направи среќен, а сопругот Мајкл Даглас, судејќи според сè, почувствувал потреба нешто да се промени кај неа.

На истото место во Кан, само на црвениот тепих, Кетрин на 48 години ја распламти фантазијата со нејзините гради, на кои малкумина останаа рамнодушни.

Видете како Кетрин изгледаше минатата година:

Scroll to Top