Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, во своите мемоари You Thought You Knew откри дека телефонски повик од пејачката, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил пресуден за крајот на нивниот брак.
„Бeше три или четири часот наутро, пијани ме молеа да дојдам, а во позадина ги слушнав синовите како плачат. Тоа беше крај,“ напиша Федерлајн.
Во книгата наведува и други тешки обвинувања, дека Спирс го удрила, консумирала дрога и ги запоставувала децата.
Тимот на Бритни Спирс реагираше дека „некои повторно профитираат на нејзина сметка“ откако престанала алиментацијата, а пејачката на социјалните мрежи напиша дека „манипулациите од поранешниот сопруг се болни и исцрпувачки“.
Федерлајн и Спирс беа во брак од 2004 до 2006 година и имаат два сина, Шон Престон и Џејден.