Кевин Костнер се договори со бившата околу сумата за алиментација

Холивудскиот глумец Кевин Костнер го доби случајот против неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер. Двајцата водеа правна битка за алиментација, откако Кристин барала 175.000 долари за издржување на нивните три деца наместо првичните 129.000.

Кристин сметаше дека не ѝ се доволни парите за издржување на децата и дека со тие пари тие не можеле да имаат луксузен живот каков што имале претходно додека Костнер живеел со нив.

На крај Кристин се согласила да се намали сумата што ја бара и ја променила на 161.592 долари. Судијата од Лос Анџелес во петокот одлучил да ги одобри предложените 63.209 долари месечно алиментација кои актерот ќе ѝ ги исплаќа на Кристин.

„Ужасно е да се биде овде, но тука сме. Чувството е толку лошо. Зборуваме за некој кој го сакам, а е на другата страна. Едноставно не можам“, рече Кевин Костнер по судењето.

На прашањето дали сè уште ја сака поранешната сопруга, актерот одговорил потврдно.

 

Scroll to Top