Кевин Костнер се разведува од сопругата по 19 години брак

Глумецот Кевин Костнер и неговата сопруга Кристин Баумгартнер се разведуваат по 19 години брак. 19 години помладата Кристина е таа која го поднела барањето за развод, пишува The Post.

„Околностите беа такви што Костнер не можеше да влијае на нив и сега мора да учествува во бракоразводната парница“, рече неговиот портпарол кој ги замоли медиумите да ја почитуваат приватноста на двојката и нивните деца.

Двајцата имаат три деца, Кејден Вајат (15), Хејс Логан (14) и Грејс Ејвери (12), а Кристин поднела барање за заедничко старателство, објави ТМЗ. За потсетување, ова е втор брак на актерот.

Од 1978 до 1994 година беше со актерката Синди Силва (66), со која исто така има три деца. Има и уште еден син од кратката афера со Бриџит Руни, кој одбива да го признае.

 

 

Scroll to Top