Холивудскиот глумец Кевин Костнер (68) тврди дека неговата сега веќе бивша сопруга Кристин Баумгартнер (49) го ограбила и дека земала работи од неговата куќа без негово знаење. Таа тврди дека тоа не е вистина и дека ништо не украла.
Кристин поднесе нови правни документи до судот велејќи дека итно сослушување за нивното прашање е непотребно, пренесе Page Six. Минатиот петок, судијата одлучи дека поранешната дизајнерка на чанти мора да разговара со Костнер пред да земе било што од нивниот имот во Санта Барбара, Калифорнија.
Баумгартнер објасни дека изнајмила складиште надвор од локацијата како подготовка за преселбата и веќе го имала земено велосипедот Peloton, нешто облека и сувенири од пријателите.
Во документите наведе дека на адвокатите на Костнер им доставила PDF со фотографии од личните предмети што ги земала и инсистира на тоа дека бившиот сопруг немало да биде повреден или оштетен со земањето на некои од овие работи.
Исто така, земала и сребрен прибор, тенџериња, тави и неколку вртливи столчиња од складиштето и слика од коњ со мајка и ќерка од имотот во Аспен. Битката на Костнер и Баумгартнер за личните работи е последната во нивниот спорен развод. Само минатата недела актерот ја обвини дека го ограбила.
Документите добиени од страна на Page Six покажуваат дека адвокатка за развод, Сузан Визнер, Баумгартнер ја платила со кредитна картичка која требало да ја користи само за домашни трошоци за семејството Костнер и која ја плаќал Кевин.
Покрај тоа, адвокатите на Костнер тврдат дека Кристин купила луксузен автомобил неколку месеци пред да раскинат, што било невообичаено бидејќи тие секогаш ги издавале своите возила под закуп.
Адвокатскиот тим на оскаровецот тврди дека купувањето автомобил е доказ дека Баумгартнер го планирала разводот долго пред да му каже на Кевин во април годинава. Судијата, пресуди во нејзина корист во врска со издршката на децата, наредувајќи му на Костнер да ѝ плаќа 129.755 долари месечно.
Кевин, на Баумгартнер со која се ожени во 2004 година ќе мора да ѝ плати 200.000 долари за правни трошоци и околу 100.000 долари за форензика.