Оскаровецот Кевин Спејси (64) е ослободен од сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи. Неодамна се изјасни за невин во лондонскиот суд во Саутворк по 12 точки од обвинението за сексуален напад во периодот меѓу 2001 и 2013 година.
Четворицата од тужителите рекоа дека Спејси ги пипкал, а еден од нив рече дека додека бил онесвестен во неговиот стан, Спејси сексуално го задоволувал. Уште во јануари, актерот се изјасни за невин по три точки од обвинението за непристоен напад, три точки од обвинението за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.
Двократниот добитник на Оскар, исто така ги негираше и четирите дополнителни обвиненија за сексуален напад и едно обвинение за поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.