Кевин Спејси ќе сведочи во суд за сексуално малтретирање

By

Холивудскиот глумец Кевин Спејси дојде во Сојузниот суд на Менхетен во Њујорк каде треба да сведочи во своја одбрана за обвинението за сексуално злоставување, кое наводно се случило во 1986 година.

dobivaj vesti na viber

Судијата во понеделникот ја отфрли една од тужбите која ја поднесе Ентони Рап, кој го обвини глумецот дека го злоставувал, кога наводно имал 14 години во неговиот стан во Менхетен, пренесе Reuters.

Откако Рап заврши со сведочењето, судијата Луис Каплан му ја отфрли тужбата против Спејси, за намерно нанесување емоционална болка, објаснувајќи дека истата го повторува обвинението за злоставување против глумецот.

Неговата тужба ќе биде разгледана од поротата, откако Спејси ќе заврши со неговото сведочење и кога адвокатите од двете страни ќе ги изнесат завршните зборови.

Рап кој сега има 50 години, претходно месецов сведочеше дека Спејси, кога имал 26 години, бил пијан и го злоставувал и дека таа ноќ оставила длабоки последици по него. Спејси ги отфрли обвиненијата на Рап, како и оние другите за сексуални напади.

За потсетување, Кевин беше обвинет по четири точки за сексуално злоставување од тројца мажи како и за набедување на личност на сексуална активност без нејзина согласност.

Обвиненијата следеа откако Кралското обвинителство ги прегледа доказите од Метрополитанската полиција. Спејси освои два Оскари и е познат по улогите во филмовите „Приведете го осомничениот“ и политичката драма на „Нетфликс“, „Кула од карти“, а беше и уметнички директор во театарот Old Vic во Лондон.

 

Ќе ви се допадне