Кевин Спејси мора да плати 31 милиони долари отштета на продуцентите од серијата „Куќа од карти“

Актерот Кевин Спејси ќе мора да плати 31 милион долари на продуцентската куќа MRC, која во 2017 година го отпушти од сетот во серијата „Куќа од карти“, по обвинувањата за сексуална злоупотреба. Ова го одлучи судот во САД, откако му ја одби жалбата.

Од MRC го тужеле Спејси затоа што поради неговото отпуштање изгубиле значителен приход од серијата, која се занимава со политички сплетки во Вашингтон.

Пред пет години кариерата на Спејси нагло беше прекината поради низата обвинувања за сексуална злоупотреба, па продуцентите мораа да ги менуваат плановите за шестата сезона.

Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа потврдувајќи дека Спејси со неговото однесување ги прекршил правилата на договорот, нешто на кое актерот се жалеше. Жалбата на крајот му беше одбиена.

Спејси во Британија е обвинет за пет казнени дела за периодот од 2005 до 2013 година. Четири од точките се за сексуална злоупотреба и напад со допирање и една е посериозно обвинение за поттикнување лице да изврши сексуална пенетрација без согласност.

Спејси е обвинет во Британија за пет дела кои се случиле помеѓу 2005 и 2013 година – четири точки за сексуален напад со допирање и едно посериозно обвинение за поттикнување лице да изврши сексуална пенетрација без согласност.

Минатиот месец беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година. Спејси ги негира сите обвиненија за сексуално вознемирување.

За потсетување, 62 годишниот актер освои Оскар за најдобар глумец во „Вообичаено осомничени“ и најдобра споредба улога во „Приведете ги осомничените“, а во серијата „Куќа од карти“ го толкуваше ликот на бескруполозниот политичар Френк Андервуд.

Scroll to Top