Кевин Спејси ослободен од обвиненијата за сексуален напад врз малолетник

Актерот Кевин Спејси беше ослободен од сите обвиненија за сексуален напад на 18 годишник во бар во Нантуцкет, пренесува „Си-Ен-Ен“. До отфрлање на случајот дошло откако момчето кое го обвини актерот, минатата недела одби да сведочи. Спејси уште во јануари изјави пред судот дека не се чувствува виновен.

Наводниот напад се случил пред повеќе од три години, а случајот е завршен денес. Актерот беше обвинет дека прво го напил малолетникот, а потоа почнал да го допира. Момчето требало да сведочи за тоа каде се наоѓал мобилниот со кој испраќал пораки и видеа на својата девојка, за време на наводниот напад.

Се работи за клучниот доказ во целиот случај, а кога судијата побарал да се предаде на судот за детално истражување, обвинителот изјавил дека не знае каде се наоѓа. Ситуацијата сепак се одиграла во корист на Спејси, па актерот ја избегнал можната казна од пет години затвор.

Како што пишуваат странските медиуми, адвокатот на Спејси, Алан Џексон, за време на претходното сослушување, се обидел да пронајде дупка во законот. Истакнувал постојано дека тинејџерот не ги пријавил веднаш таквите тврдења.

Добитникот на два Оскари беше обвинет лани за сексуално злоставување. Прво од страна на актерот Ентони Рап, кој тврди дека бил нападнат во 1986 година, кога имал само 14 години. Спејси е еден од бројните мажи во светот, познати по обвиненијата за сексуални напади, а лавината обвинувања почнале во 2017 година.

Прв на оваа листа бил филмскиот продуцент Харви Вајнстајн.

 

Scroll to Top