Актерот и филмски продуцент Кевин Спејси одмора на Брач во Хрватска, каде што го пречекал режисерот Јаков Седлар.
Како што изјавил Седлар за хрватските медиуми, Спејси пристигнал на Брач на негова покана.
Да потсетиме дека Кевин Спејси го играше ликот на хрватскиот претседател Фрањо Туѓман во филмот на Седлар. Според Седлар, Спејси темелно се подготвувал пред да се согласи да го глуми првиот хрватски претседател и да прочита неколку книги и сè што можел да пребара на интернет.
„Тој дојде совршено добро информиран за него. Таков тип на актер е тој. Не би се согласил да глуми некого ако не застане зад тоа, зад неговата улога и личноста што ја толкува. Знаеше многу детали. Апсолутно го почитува претседателот Туѓман, така го глуми“, откри тој и истакна дека филмот не е само за првиот хрватски претседател.
Филмот се снимаше во Хрватска, а првите кадри беа снимени пред Нова година кога во Загреб пристигна холивудксиот актер. Премиерата на играно-документарниот филм се одржа на 14 мај во Загреб, на стогодишнината од раѓањето на Туѓман.