Актерот Кевин Спејси во објава на платформата „Икс“ одговори на тврдењата на неговиот колега, Гај Пирс, порчувајќи му дека одамна соработувале и дека тогаш можел да му каже ако нешто му пречело.
Познатиот актер, кој неколку пати беше обвинет за сексуално вознемирување, но беше ослободен од сите обвиненија, го критикуваше Пирс дека јавно проговорил за своето искуство во медиумите.
Спејси додаде дека по филмот „L.A. Confidential“, Пирс дошол на сетот кога го снимал филмот „Полноќ во долината на злото“ во Грузија за, како што рекол, да помине време со него.
„Зошто не го спомна тоа? Или тоа не одговара на твојот наратив дека си жртва“, праша актерот.
Спејси, исто така, го праша својот колега зошто чекал 28 години за да излезе со овие наводи.
„Еве ти си сега на мисија после толку години, иако знаеш дека поминав низ пеколот. И што сакаш да постигнеш? Ако сакаш да разговараме, јас сум тука, можеме да го направиме тоа кога сакаш. Немам што да кријам, но навистина е време да пораснеш, Гај. Ти не беше жртва“, му порач Спејси на својот колега.
Актерот Гај Пирс, претходно, појавувајќи се во подкастот на Awards Chatter, го сподели своето емотивно искуство од снимањето на филмот „Л.А. Доверливо“ и конкретно соработката со колегата Кевин Спејси, тврдејќи дека „го таргетирал“, односно му се наметнувал и го прогонувал.
Тој рече дека на почетокот го игнорирал однесувањето на Спејси, велејќи си – не е тоа ништо.
„Го правев тоа околу пет месеци, бев некако исплашен, бидејќи Кевин е прилично агресивен човек. Тој е исклучително шармантен и брилијантен во она што го работи, но јас бев млад и подложен на влијание, и тој ме таргетираше, без сомнение“, изјави актерот.