Кијану и Винона размениле завети пред вистински свештеник

By

Актерот Кијану Ривс и неговата колешка Винона Рајдер пред 26 години во филмот „Дракула“ размениле венчални завети пред вистински свештеник.

Двајцата откриле дека се во брак додека работеле на филмот Destination Wedding. Иако се потребни потписи на одредени документи, актерите велат дека се уплашиле од сознанието дека се во законски брак.

Во 1992 година режисерот Францис Форд Копола (79) довел вистински свештеник за да ги венча. Нивните завети целиот овој период биле легални.

„Ние вистински се венчавме во филмот ‘Дракула’. Се колнам дека се венчавме во вистинскиот живот, а не зад сцената“, изјавила Винона во едно нејзино неодамнешно интервју.

Таа го потсетила Ривс што навистина се случи пред 26 години.

„О, Господе. Па ние сме во брак“, изјавил Ривс. Ѕвездата од серијата Stranger things, Винона, никогаш во животот не се мажела и многупати досега изјавила дека никогаш нема да чекори до олтарот.

„Попрво би се развела повеќепати отколку еднаш да стапам во брак“, изјавила Винона, која седум години е во врска со модниот дизајнер Скот Макинла Хахн (38).

За себе вели дека има високи стандарди благодарение на нејзините родители, кои се во заедница повеќе од 45 години. Кијану Ривс исто така никогаш не бил во брак, но во јавноста е познат по тоа дека голем број  холивудски ѕвезди завршиле во неговиот кревет.

 

Ќе ви се допадне