Кијану Ривс ги налути Кинезите, па тие повикуваат на бојкот на филмот „Матрикс: Воскреснување“

Кинезите повикуваат на бојкот на „Матрикс: Воскреснување“ откако Кијану Ривс се приклучи на добротворниот концерт за поддршка и промовирање на културата на Тибет.

Народна Република Кина го анектира Тибет во 1950 година, што доведе до прогонство на далај-лама. Според него, Комунистичката партија ги угнетува луѓето и нивната култура во таа област. Поддршката на Ривс за културната организација, основана во 1987 година на барање на тибетскиот лидер далај-лама, предизвика негодување и гнев кај дел од Кинезите.

Првпат одржан во 1989 година, концертот на „Куќата на Тибет“ во САД има цел собирање средства за поддршка на работата на културната амбасада. Се одржува заедно со тибетската Нова година, која традиционално се одбележува со фестивалот на молитвата „Монлам“.

На настанот годинава присустваа Пети Смит, Џејсон Исбел и Иги Поп.

Филмот „Матрикс 4“ се појави во кината во декември, со заработка од 7,5 милиони долари во Кина само првиот викенд.

Scroll to Top