Кијану Ривс нуди онлајн рандеву со него за да собере пари за болните од рак

Кијану Ривс на аукција нуди 15-минутна виртуелна средба на „Зум“ за да собере пари за добротворна организација која им помага на деца болни од рак.

Ѕвездата на „Матрикс“, кој е во врска со Александра Грант, ѝ дава шанса на една среќна обожавателка да помине 15 минути со него на виртуелен состанок преку апликацијата за видеоповик „Зум“, под услов таа да бидат највисок понудувач на неговата аукција за добротворни цели. Парите ќе бидат префрлени на добротворната организација Camp Rainbow Gold за помош на деца болни од рак.

Scroll to Top