Кијану Ривс се заљубил во Сандра Булок на снимањето на филмот „Брзина“

Холивудскиот актер Кијану Ривс во „Шоуто со Елен“ и признал на водителката дека се заљубил во Сандра Булок за време на снимањето на филмот „Брзина“.

Филмот Ривс и Булок го снимаа во 1994 година, а актерот во шоушто на Елен Деџенерис вели дека меѓу нив двајцата веднаш се појавила хемија на сетот. Ривс вели дека бил заљубен во Сандра, но не превземал ништо, затоа што сакал да остане професионалец до крај.

Елен во шоуто објавила снимка во која Сандра исто така признава дека ѝ се допаѓал Ривс.

„Покрај него ми беше тешко да останам сериозна, особено кога ќе ме погледнеше. Но, очигледно нешто не му се допаднало кај мене и затоа никогаш не заминавме на состанок“, изјавила Булок.

Во шоуто Ривс изјавил дека не знаел дека и Сандра Булок била заљубена во него.

 

 

Scroll to Top