Ким и Канје Вест и официјално се разведоа

Ким Кардашијан и официјално се разведе од Кание Вест. Таа веќе не мора да го носи неговото презиме. Вака одлучи судијата од Лос Анџелес, Стив Кочран. Ким не дојде на сослушувањето, туку се појави преку видео пренесе Page Six.

За време на рочиштето таа рече дека не сака да го носи повеќе неговото презиме, а ивзор близок до неа, кој присуствуваше, рече дека Ким сега е среќна затоа што е повторно слободна.

Кание само ден претходно го отпушти адвокатот и ја вработи Саманта Спектор. На сослушувањето таа рече дека раперот немал проблем со промената на презимето на Ким и дека повеќе го интересираат другите работи. Таа рече дека Кание сака да ја заштити и замрзне неговата сметка.

Саманта рече дека нејзиниот клиент истата ја користи само за неговата работа која вреди милиони. На ваквото барање се побуди адвокатката на Ким, па судијата застана на нејзина страна.

Борбата околу старателството продолжува и понатаму. Судијата закажа ново рочиште на 5 август за да се реши и ова прашање. Кание и Ким во бракот ги добија Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм.

За потсетување, Ким документите за развод ги поднесе минатата година откако речиси седум години беа заедно. За нејзе ова е трет развод.

Scroll to Top